logo
logo
logo

„Граѓаните го почитуваат „СЕЈФ СИТИ“, повеќе спасени човечки животи, помалку сообраќајќи“

Vecer | 18.01.2026

„Граѓаните го почитуваат „СЕЈФ СИТИ“, повеќе спасени човечки животи, помалку сообраќајќи“

Премиерот Христијан Мицкоси денеска изјави дека не знае дали СДСМ ќе му даде поддршка на „Безбеден град“ и нагласи дека е важно што овој проект веќе ги постигнува своите основни и хумани цели. Смета дека граѓаните го почитуваат овој проект и апелира и понатаму да бидат совесни.

– Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември. Тоа значи имаме повеќе човечки животи спасени, помалку сообраќајни незгоди, помалку пациенти на траума и на крајот од денот побезбеден сообраќај. Така ако веќе го гледаме оној хуман аспект на самиот проект, јас сум навистина задоволен. И она што мене ме радува е ако од почетните денови кога имаше неколку десетици илјади сообраќајни прекршоци, во одредени денови на почеток имаше и повеќе од сто илјади, сега веќе се движиме на бројката две-три илјади на ден. Тоа значи дека граѓаните го почитуваат овој проект и тоа е доказ дека можело да се почитуваат законите. Јас сум среќен што тоа се случува и благодарност до граѓаните, до возачите и апел да бидат совесни, изјави премиерот Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром.

Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе постои механизам со кој ќе се заштитат податоците на граѓаните во „Безбеден град“ за да не бидат злоупотребени, премиерот рече дека на вчерашниот состанок меѓу другото разговарале и за заштита на податоците на граѓаните.

– Мора да имаме протоколи за многу работи. Вчера тоа го разговаравме. Многу работи во текот на имплементацијата ќе почувствуваме дека недостасуваат. Впрочем, никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните 3 до 6 месеци имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што ќе го повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk