logo
logo
logo

ДРЖАВНАТА МАТУРА спроведена во најдобар ред, соопшти министерката

Vecer | 16.06.2026

ДРЖАВНАТА МАТУРА спроведена во најдобар ред, соопшти министерката

Државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, -изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.

- Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства - рече Јаневска.

Таа посочи дека бројот на ученици што биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години.

- Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата - нагласи министерката.

Според неа, станува збор за ученици што биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.

Јаневска информира дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок во август.

Министерката истакна и дека годинава е воведен нов пристап во полагањето, со два типа на матура во зависност од наставните планови и програми, со што, како што рече, е исправена досегашната нерамноправност меѓу учениците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk