logo
logo
logo

25 години Рамковен договор

Мицкоски: МИНАТОТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ, но можеме да одлучуваме за иднината

Vecer | 13.08.2026

Мицкоски: МИНАТОТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ, но можеме да одлучуваме за иднината

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор.  Во објава на Фејсбук пртседателот на Владата порачува дека „историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото“ и оти денес треба да се обединиме околу прашања што ги засегаат денешните генерации. 

- Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите. Повеќе од две децении подоцна, пред нас стојат нови предизвици. Денешните генерации очекуваат функционални институции, еднаквост пред законите, квалитетно образование, подобро здравство, повисок животен стандард, економски развој и можности својата иднина да ја градат дома. Тоа се прашањата околу кои треба да се обединуваме, без оглед на етничката, верската или политичката припадност. Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk