Експерт по пластична хирургија ќе ги посети лицата кои се повредени во неодамнешниот пожар во Кочани и моментално се на рехабилитација во Пониква. Ова го најави министерот за здравство Азир Алиу. Целта на посетата е да се согледаат нивните конкретни медицински потреби и да се одреди со каква дополнителна помош може да им се излезе во пресрет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата