logo
logo
logo

Ахмети НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО, смета дека е заговор, АМА ДОБИ ОДГОВОР

Vecer | 20.05.2024

Ахмети НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО, смета дека е заговор, АМА ДОБИ ОДГОВОР

Во среда ќе има прегласување во 7 избирачки места, а со тоа ДУИ може да загуби двајца пратеници. Од партијата на Али Ахмети не можат да се помират со одлуката на ДИК која ја потврди и Управниот суд, откако ги одби жалбите на Европскиот фронт предводен од ДУИ.

ДУИ вчера го собра централното раководство да разговара што ќе преземат. Првиот човек на оваа партија Али Ахмети рече дека тоа се прави за да се вовлечат Албанците во братоубиства.

-Ова повторување е направено со уште поопасна позадина за да не наведат нас Албанците во братоубиство. Како што направија на избирачко место во општина Желино“, рече Ахмети.

Според Ахмети, овие планови се прават во црвените подруми на ВМРО и СДСМ. Вели дека ги знае сите детали и наскоро ќе ги разоткрие.

-Сите политички акробации, тајни договори во црвените подруми што се прават, се неприфатливи и за осуда. Бидејќи истите значат чекор назад и не треба да се толерира, туку сите страни треба да влијаат. Ги знаеме сите детали за зделките во црвените подруми, политичките зделки. Во иднина ќе излеземе со детали за сите договори и ќе и ги претставиме на јавноста“, рече Ахмети.

Коалицијата ВРЕДИ изразува жалење за Ахмети, нагласувајќи дека Ахмети ја изгубил контролата по губењето на власта. Ги повикуваат да дејствуваат како конструктивна опозиција.

-На сите им е јасно дека откако Али Ахмети сфати дека ја изгубил власта, изгубил и контрола, но го повикуваме доколку сака европска перспектива на земјата, да остане смирен и да ги води партнерите од Фронтот заедно со мултиетничките заеднички да бидат конструктивна опозиција, да ги поддржат прашањата кои се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите на ВРЕДИ како опозиција и да дозволат правдата да дејствува. Кога правдата постапува според законот, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран-изјави ВРЕДИ.

ТВ21 испрати и прашања до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа какви планови прават, но ниту една партија не беше расположена да одговори.

Инаку, на 22 мај, во среда, одлучено е да се прегласува во шест избирачки места во петтата и едно избирачко место во шестата изборна зона. Ако коалицијата ВРЕДИ во Желино и СДСМ во зона пет успеат да постигнат поголема победа, тогаш можат да му земат двајца пратеници на Европскиот фронт. Во овој случај, Европскиот фронт би можел да заврши со 17 пратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk