Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Целта е да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од системот „Безбеден град“.
„При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов“, се вели во соопштението.
Санкциите од „Безбеден град“ и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата