Почитувани,
Би сакале да Ве информираме дека Пуцко Петрол нема доставувано мазут до ЕСМ!
,,Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го Пуцко Петрол како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме”.
Нападот врз Пуцко Петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и смејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ.
Никогаш не сме увезуале мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према Пуцко Петрол надминува една милијарда денари. Пуцко Петрол не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ.
Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се предизвикуваат штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба.
Ви Благодариме на разбирањето
Пуцко Петрол
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата