logo
logo
logo

ВАРДАРИШТЕ ОД ДЕНЕСКА СЕ ЗАТРУПУВА Депонијата ќе биде обележана и движењето низ неа ќе биде казниво

Vecer | 10.09.2025

ВАРДАРИШТЕ ОД ДЕНЕСКА СЕ ЗАТРУПУВА Депонијата ќе биде обележана и движењето низ неа ќе биде казниво

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидуваа да го изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ во Скопје.  За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што се затрупува со земја најкритичниот дел од депонијата каде што ѓубрето најсилно гори, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Бидејќи е прогласена кризна состојба во целата дражва поради пожарите, денеска надлежноста врз „Дрисла“ ја превзема Главниот штаб за управување со кризи. Дадовме задача денеска да се почне со агресивно затрупување на делот од депонијата Дрисла, каде што го имаме најголемото чадење, односно, делот каде што се одвива горењето. Очекувам до попладневните часови овој дел да биде целосно затрупан и чадењето кое од вчера предизвикува силни непројатности на граѓаните, да престане – рече Ангелов.

Тој додаде дека има индиции дека се работи намерно подметнат пожар.

– Во текот на летото, со рекордно високи температути, депонијата не се самозапли, па малку е веројатно дека сега, кога и ноќните темперарури се пониски, дошло до самозапалување на оваа депонија – рече Ангелов.

Во врска со депонијата Вардариште, која гори и чади со денови, Ангелов рече дека денеска Управачкиот комитет со кризи ѝ предложил на Владата да донесе забрана за движење во депонијата. Додаде и дека и Вардариште од денеска се затрупува.

– Оваа депонија ќе биде обележана и движењето низ неа ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во ова депонија. Таа ќе биде внимателно обебедена и ќе спречиме нејзино намерно или ненамерно потпалување. Да потсетам, од страна на МВР се поднесени кривични пријави против 3 лица, кои се во притвор, кои создале диви отпади на кои вршеле трговија со метал, а кој го добивале со палење на кабли и друг отпад во депонијата Вардариште –  рече Ангелов.

По локалните избори очекувам градоначаниците и надлежните министерства да почнат со прокетот кој е трајно решение за Врдариште, оти ова затрупување е само привремено решение, додаде директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Центарот за управување со кризи информираше дека пожарот на депонијата Дрисла избувна вчера во 15.15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина.

„Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место“, наведува ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk