logo
logo
logo

Мицкоски: Забраната за Менкиноски директно го нарушува имиџот на ЕУ

Vecer | 10.03.2026

Мицкоски: Забраната за Менкиноски директно го нарушува имиџот на ЕУ

Детално сум запознаен со тоа што се случило во врска со адвокатот Тони Менкиноски и забраната за влез во Бугарија во следните 10 години и јавно го осудувам тоа што се случува, тоа е лоша порака, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Тоа е лоша порака и за самата Европска Унија. Очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи не е првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права. Тоа веќе го направи неколку пати досега, откако не ги примени пресудите на Судот за човековите права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата – рече Мицкоски.

Не зборуваме за човек што е криминалец, туку за чесен граѓанин, додаде премиерот.

– Единствен „грев“ му е тоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот во Стразбур и поради тоа доби црн печат. Ова е навистина бескурпулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија доколку ЕУ не излезе со осуда на ваквото однесување – рече премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk