logo
logo
logo

И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ КОЈ РАКОВОДИ СО „ДРИСЛА“ Ѓубрето во Скопје и состојбата во депонијата е неспособноста на Данела и нејзините другари од ДУИ

Vecer | 16.09.2025

И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ КОЈ РАКОВОДИ СО „ДРИСЛА“ Ѓубрето во Скопје и состојбата во депонијата е неспособноста на Данела и нејзините другари од ДУИ

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Данела Арсовска и нејзините другари од ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица. Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица.

Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Арсовска и неспособните кадри од ДУИ. СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува. ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии. ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат  сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот на граѓаните“, се вели во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk