Тековниот напредок во спроведувањето на реформите и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда. На средбата учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, а информацијата беше споделена од премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
„Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди“, напиша Мицкоски.
Средбата беше посветена на евалуација на напредокот досега, идентификување на предизвиците и планирање на следните чекори за ефикасна реализација на реформите, со што се очекува институциите да функционираат подобро и да обезбедат резултати кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата