logo
logo
logo

РАЗГОВОРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА следната недела

Vecer | 11.06.2026

РАЗГОВОРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. 

- За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси. Сме кажале дека наша опција што ја префереираме како Влада е редовни  избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш  доколку тоа опозицијата го бара да излеземе на терен и повторно да победиме, рече Мицкоски, на новинарско прашање за исходот од средбата на претседателката Гордана Сиљановска со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова и ставовите за новите барања од Софија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk