logo
logo
logo

СМЕНАТА НА КОЦЕВСКИ ЌЕ ПОЧЕКА, сега тој и обвинителите треба да се покажат и докажат

Vecer | 25.03.2025

СМЕНАТА НА КОЦЕВСКИ ЌЕ ПОЧЕКА, сега тој и обвинителите треба да се покажат и докажат

Постапката за разрешување, смена на државниот јавен обвинител Коцевски е во завршна фаза. Истекоа сите рокови и, практично, во било кое време Собранието може да му изгласа смена.

Но, се случи катастрофалниот пожар во Кочани, целото обвинителство во државата е вклучено во темелна борба против корупција со лиценци за угостителски објекти, за градежни фирми и лиценци за градење... И, во овој момент, веројатно е малку потребно сред тој процес да се вршат смени во врвот на обвинителството - ако обвинителите ја вршат работата онака како што бара ситуацијата и законот, значи безз задршка, калкулации и селективен пристап.

„Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите коишто работат, посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат. Да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство, што резултираше со 34 обезбедени лица за коишто има и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај“, рече Мицкоски.

Истакна дека тука нема да се застане, дека случајот ќе се проширува.

„Но исто така, јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да ги видиме. Да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото, и дали би можело можеби повторно можеби тие случаи да ги преразгледа, па да видиме дали навистина сме сите за правда, или таа правда треба да биде селективна. Да видиме дали навистина таа правда некогаш е добиена, или таа правда била селективна, така што ние како влада го охрабруваме. Тоа е работа на Обвинителството, не е наша како Влада, но го охрабруваме во таа насока да се движи и без разлика секој оној којшто направил каква било грешка и работел спротивно на законот – да биде санкциониран“, рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk