logo
logo
logo

ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПОКАЖЕ ЗРЕЛОСТ околу клучните реформи, повика министерот Муцунски

Vecer | 14.05.2026

ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПОКАЖЕ ЗРЕЛОСТ околу клучните реформи, повика министерот Муцунски

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати директен повик до опозицијата да ја тргне настрана дневната политика кога станува збор за стратешките интереси на државата. Тој побара политичка зрелост и конструктивност околу клучните реформи кои се директно поврзани со европската агенда и Планот за раст.

„Денес сакаме јасно да упатиме повик до опозицијата, да покажеме зрелост околу реформите клучни за државата, особено за Изборниот законик и правосудните реформи. Потребна е конкретна поддршка таму каде што навистина се носат одлуките, во институциите и во Собранието, а не само декларативна поддршка на прес-конференции,“ истакна Муцунски на денешната прес-конференција во Владата.

Министерот соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст“. Тој нагласи дека овие средства се резултат на подготвеноста за спроведување на Реформската агенда, која не е само парола, туку системска работа за владеење на правото и функционални институции.

Муцунски предупреди дека секое блокирање или политизирање на овие процеси директно ги поткопува интересите на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk