logo
logo
logo

Продадени се акции од Македонија турист. Кој е сопственикот?

Vecer | 17.06.2026

Продадени се акции од Македонија турист. Кој е сопственикот?

Фирмата Поливерзум Дооел Скопје стана најголем акционер во хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“, откако денес за тоа беше известено како информација на Македонска берза.

„Поливерзум“ претходно поседувал само мал број на акции, а сега е сопственик на 100.960 обични акции и зафаќа учество од 22,32 отсто од акционерската структура.

- Истовремено известуваме дека акционерот Друштвото за производство, трговија и услуги Поливерзум ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се стекна со дополнителни 93.317 обични акции и сега поседува вкупно 100.960 обични акции односно 22,32% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје, објавено е денес на берзата.

„Поливерзум“ е основана во 2019, во сопственост на Баки Ајдин и основна дејност неспецијализирана трговија на големо, а седиштето е во Гази Баба. Во 2025 остварил приходи од 114 милиони денари и добивка од 73 милиони денари, или околу 1,2 милиони евра.

Во петокот беше објавено како информација на Македонска берза дека во две блок-трансакции од Македонијатурист биле купени 82.450 акции за 16 милиони евра и 10.587 акции за околу 2 милиони евра. Вкупниот процент на купените акции е 20,57 отсто.

Во бизнис круговите постои впечаток дека зад оваа трансакција стот Фатмир Етеми, еден од најголемите учесници во градежниот секотор во Скопје. Освен градежништвото, тој е значаен акционер во Комерцијална банка Скопје, бил и член на Надзорниот одбор на банката. Порано во својата кариера, Етеми бил активен во политиката и бил пратеник од ДПА во Собранието на Македонија.

Истовремено на Македонска берза е објавено и дека „Промедика“, како еден од акционерите кои досега поседуваше над 5 отсто од акциите, ги продал сите свои акции и дека повеќе нема учество во акционерското друштво.

- Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје продаде 53.844 обични акции и повеќе не поседува акции во Македонијатурист АД Скопје, соопштено е на берза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk