logo
logo
logo

СО 56,1 МИЛИОНИ ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ, Швајцарија ја потврдува поддршката за развој на Македонија

Vecer | 19.05.2025

СО 56,1 МИЛИОНИ ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ, Швајцарија ја потврдува поддршката за развој на Македонија

Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваже новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028.

Премиерот Мицкоски истанка дека оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината.

„Со вкупен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, Швајцарија повторно ја потврдува својата поддршка за развојот на нашата држава, вложувајќи во три клучни области, демократија, животна средина и одржлив економски развој“, објави Мицкоски.

-Во име на Владата и граѓаните, изразувам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната, но и за идната поддршка. Заедно градиме стабилна, зелена и праведна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk