logo
logo
logo

МИЦКОСКИ: ОБЕЗБЕДЕНИ ПАРИ за конечно завршување на АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД

Vecer | 09.04.2026

МИЦКОСКИ: ОБЕЗБЕДЕНИ ПАРИ за конечно завршување на АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД

Автопатот Кичево-Охрид станува реалност – премиерот Мицкоски најави дека со поддршка од домашниот банкарски сектор е заокружена финансиската конструкција за оваа делница. Тој оцени дека изградбата на коридорите 8 и 10Д се одвива со одлична динамика.

- Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија морам да признаам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид затоа што заемот од кинеската „Ексим банка“ повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална, рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга.

Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, а предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево-Охрид. Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп-Битола која е дел од Коридор 10Д, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk