logo
logo
logo

Со авион на „Ер Србија“ СРПСКИ И МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Vecer | 04.03.2026

Со авион на „Ер Србија“ СРПСКИ И МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Државјани на Србија, и неколку од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи.

Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера околу 17 часот, пристигна во Шарм Ел Шеик околу 21 часот по локално време, и се врати со 67 граѓани на Србија евакуирани од Израел, меѓу кои и мали деца, јави РТС. Првично беше организирано преминување по копно на египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетско одморалиште.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ кој беше испратен во Египет за координирање на акцијата, вели дека покрај фактот дека станува збор за хуманитарно прашање, тоа е и пораката што Република Србија сака да ја испрати дека „сакаме најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со нашите соседни земји, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина“.

Во меѓувреме, летот ФЗ 1745 на авиокомпанијата „Флај Дубаи“, кој требаше да пристигне од Дубаи во Белград денеска околу 12:15 часот, е откажан, објавено е на интернет-страницата на Аеродромот „Никола Тесла“.

Откажан е и уште еден лет на истата компанија на релација Дубаи – Белград, кој требаше да полета од Дубаи во 18:15 часот, со број ФЗ 1749.

Истите информации се објавени и на официјалната страница на „Флај Дубаи“.

Согласно последните податоци, од македонското МНР и НТ, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, информира МНРиНТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk