logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ВО ВОЈНА СО МИТОВСКИ: Дали СДСМ ги сече гранките на кои седи?

Vecer | 22.04.2026

ФИЛИПЧЕ ВО ВОЈНА СО МИТОВСКИ: Дали СДСМ ги сече гранките на кои седи?

На што ви личи кога на градоначалник од сопствените редови му се обраќате со: Градоначалниче – референдум! Колку и да е неписмено, но од кого е, многу е…

Појасен доказ од ова дека бродот на Филипче продолжува да тоне во 5-та брзина, здравје. Венко се скара со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, ЕДЕН ОД САМО ШЕСТЕ градоначалници што ги имаат, иако и за Герасимовски во СДС одамна велат „неко меѓу нама није наш“.

И сега? Ќе го исклучи ли Филипче и него? Натаму оди работата, барем според реченицата во соопштението на СДС:

„Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.“

Одамна се знае дека токму Митовски е еден од подобрите кадри на СДС, кои според упатените заедно со Герасимовски и другите 4-ца победници требаше да добијат повисоки функции во партијата, особено по дебаклот на изборите. Но Венко се опкружи со ултра-неспособни послушници, па наместо победниците ги натопори лузерите Шмрчко, Фани, Богданка, Жерновски и оној ген-секот на кој никој не му го знае ниту името. Што е сигурно, сигурно е за подизведувачот на Заев, кој стои зад се’ во партијата.

И во фаза на својата невидена трансформација, СДС се заинтересира за ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, нешто што ниту 2004-та, а уште помалку во 2018-та не ги интересираше. Дечките што викаа „Некои прашања не заслужуваат одговор“, а потоа не го испочитуваа ГЛАСОТ НА НАРОДОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО, силеџии кои на своја рака преземаа „храбри“ одлуки и ни сменија територијалната организација, исконско име на државата, устав и преамбула, сега патетично ќе вреснат:

„Градоначалниче – референдум!

Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.

СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција.“

На што се должи ова ново, инстант ЧУВСТВО НА ЕМПАТИЈА КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД? Народ кој го „множеа со нула“ минатите 35 години…

Велат, ова  е јасен резултат на фактотдека некој „имал чувство’ дека ќе одговара за зулумите додека бил на власт, па сега ќе направел се’. Дури и да глуми загриженост за чувствата на народот. Дури и да го прави она што не му прилега и доликува, како сочуство со чувствата на народот. Дури и ако изгледа како слон во пижами. Очајничка сламка, за да некој ги брани кога одговорноста (читај законот) ќе тропне на нечија врата.

Евтина, инфантилна прикаска на СДС и Филипче, кои се поткусуруваат и со својот најдобар кадар, само и само ако не е по нивно.

По социјалните мрежи велат дека ова се очајнички и лажни чувства на емпатија како увертира во часови по „свирење клавир“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk