logo
logo
logo

ЗАЕВ Е АМАТЕР ЗА ОВА ШТО ГО СПРЕМА ФИЛИПЧЕ

ВЕНКО ПРЕДАВНИЧКИ МОЛЧИ ДОДЕКА СОФИЈА НÈ БРИШЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 24.06.2026

ВЕНКО ПРЕДАВНИЧКИ МОЛЧИ ДОДЕКА СОФИЈА НÈ БРИШЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки.

СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања.

Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот.

Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk