logo
logo
logo

Први снимки по ПУКАЊЕТО ВО ШТИП, со пиштол, во кафуле во центарот на градот (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2025

Први снимки по ПУКАЊЕТО ВО ШТИП, со пиштол, во кафуле во центарот на градот (ВИДЕО)

Вечерва во кафуле во Штип се случи пукање . Настанот, според досегашните сознанија на штипските медиуми, е резултат на престрелка меѓу двајца турски државјани, студенти.

„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според неофицијални информации, едно лице го загубило животот во инцидентот.

Фото: принтскрин мтнет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk