logo
logo
logo

Скромниот Трпе од УПОЗ ПОТРОШИЛ 60.000 ЕВРА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЛУКСУЗНО ТУРИСТИЧКО МЕСТО ВО ЦРНА ГОРА?!

Vecer | 28.05.2026

Скромниот Трпе од УПОЗ ПОТРОШИЛ 60.000 ЕВРА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЛУКСУЗНО ТУРИСТИЧКО МЕСТО ВО ЦРНА ГОРА?!

Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Од партијата наведуваат дека лидерот на синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, кој се прикажува како скромен синдикалец, организирал работнички игри во Црна Гора за кои потрошил 60.000 евра.

– Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарината на работниците, за кои велат дека живеат во сиромаштија, се луксузира во Црна Гора. Тој преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не ги организирал во некој македонски град Скопје, Охрид, Дојран или, пак, Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место во Црна Гора, Чањ. На Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои до сега многупати се одржувале во државава, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Деаноски е дел од раководството на ССМ, ги троши парите од членарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.

-Синдикалците на батерии си го покажаа вистинското лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а зад камерите се луксузираат на грбот на своите членови. Овие самопрогласени и самоизбрани синдикални претставници заинтересирани се само за своите лични интереси и бенефиции, високите плати кои добиваат од синдикатите, трошењето на синдикалните буџети наполнети со парите на работниците – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk