logo
logo
logo

БОРЧЕ МАРКОВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО 5 МИЛИОНИ ЕВРА ГАРАНЦИИ во куќа со двор и три стана во Битола и 25 булдужери и камиони

Vecer | 23.01.2026

БОРЧЕ МАРКОВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО 5 МИЛИОНИ ЕВРА ГАРАНЦИИ во куќа со двор и три стана во Битола и 25 булдужери и камиони

Битолскиот суд кој го ослободи од притвор Борче Марковски и ја прифати гаранцијата од 5 милиони евра смета дека е во ќар.

Марковски е обвинет е за три пати помала сума па тоа било пресудно за да ја донесе одлуката тој да излезе на слобода. Сопственикот на Марковски компани обвинет е за злоупотреби со тендер во Осломеј и РЕК Битола вреден 1,7 милиони евра. Судот јавно го праша обвинителството зошто не се согласувало со ваквата одлука.

Додека почесниот белоруски конзул Борче Марковски веќе е на слобода, битолскиот суд се пофали дека му земал гаранција три пати повисока од она за што се товари и плус му замрзнал 113 илјади евра.

Вакво соопштение објави судот откако вчера Телма објави дека мерката притвор на најголемиот поранешен тендерџија во ЕСМ, Марковски Компани, му е заменета со мерки на претпазливост и е прифатена гаранцијата од 4 милиони и 940 илјади евра. Во соопштението уште прстот го впери во обвинителството кое се согласило со гаранција за друг обвинет, ама не и со оваа која ја дал Марковски.

Основен суд – Битола: Гаранцијата е определена на износ од 4.937.317 евра, што значи дека е скоро три пати повисока од евентуалната имотна корист, а и му се замрзнати финасиски средства. Крајно од страна на Основното јавно обвинителство Битола дадено е позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата во износ од 169.286 евра – во недвижен имот, за друг осомничен. Друго е прашањето и зошто од 9 (девет) обвинети, во текот на истражната постапка само за двајца е предложена мерка притвор од страна на Основното јавно обвинителство Битола.

Телма вчера објави дека гаранцијата на Марковски е во недвижен имот – куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како возила – 25 булдужери и камиони. Обвинителството не се согласувало со ваквиот предлог, но сепак судот одредил мерки на претпазливост и го пуштил од притвор.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола, иако претходно битолското обвинителство дало негативно мислење на барањето за укинување на притворот. Судот му определил мерки на претпазливост – Марковски еднаш неделно треба да се јавува во судот, а привремено му е одземен пасошот.

Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и додаваат дека поднеле приговор за надлежноста на Кривичниот совет, сметајќи дека одлуката требало да ја донесе Апелацискиот суд.

Марковски во притвор се наоѓаше од средината на октомври кога беше уапсен за злоупотреби со тендер за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола од 2024 година, вреден 1,7 милиони евра. Заедно со него се обвинети уште еден вработен во неговата фирма и шестмина поранешни раководители во РЕК Битола. Тие се обвинети дека работата не била завршена, а парите биле исплатени.

Во меѓувреме обвинителството му го замрзна имот во Македонија и во Србија. Во Скопје му се замрзнати три станови и механизација, додека во Србија 10 нови камиони од неговата фирма Хамза Изградња. Тој е целосен сопственик додека управителката Гордана Паужина која Телма ја побарале, но не сакала да одговара на прашања.

Инаку „Марковски компани“ со години беше најголемиот тендерџија во РЕК Битола. Неговите врски со Србија го доведоа и до почесен конзул на Белорусија во земјава, а тамошната фирма Хамза беше редовен добитник на тендери од Србија шуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk