logo
logo
logo

20-годишен Словенец е убиецот на Македонецот Стојче Георгиев

Vecer | 11.10.2025

20-годишен Словенец е убиецот на Македонецот Стојче Георгиев

Телото на 38-годишниот Стојче Георгиев од селото Грдовци во Кочани беше пронајдено минатиот петок во центарот на Љубљана. Полициската управа во Љубљана информираше дека мажот починал од насилна смрт. Осомничениот за злосторството е 20-годишен Словенец кој е во притвор.

Според онлајн Дневник, 20-годишниот осомничен е спортист од Љубљана кој тренирал фудбал, а неодамна и бокс. Тој наводно се јавил во полиција сам или заедно со својот татко и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град.

20-годишникот во вторникот бил изведен пред истражен судија, кој по испрашувањето нареди да биде приведен.

„Поради интересот на истрагата, која сè уште е во тек, не можеме да ви кажеме повеќе“, соопшти полицијата.

Инаку Георгиев кобната ноќ наводно бил удрен повеќе од десет пати во главата, а го пронашол таксист во раните утрински часови.

Македонската амбасадата во Љубљана информираше дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата во Љубљана извести дека е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk