logo
logo
logo

ФАЛАТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, се преземаат вонредни мерки

Vecer | 23.06.2026

ФАЛАТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, се преземаат вонредни мерки

Во ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје има недостиг на медицински сестри, но и покрај тоа ниту еден пациент не се враќа, изјави директорот Реџеп Мемеди на денешното обраќање пред медиумите.

Тој нагласи дека сите оддели на клиниката имаат голема фреквенција на пациенти од целата држава.

Поради недостиг на кадар и неможност да се организира сменска работа и дежурства, како што појасни, привремено е направена фузија на два оддела – Имунологија и Пулмологија А. Одделите не се укинати, туку станува збор за временска организациска мерка.

– Бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела за да обезбедиме доволен број медицински сестри за дежурства – рече Мемеди.

Тој додаде дека, и покрај намалениот капацитет, сите пациенти се примаат, се згрижуваат и се третираат без одбивање.

– Ќе најдеме место за секој пациент. Иако има недостиг на сестри, ниту еден пациент не се враќа – истакна директорот.

Мемеди појасни дека мерката е привремена и има за цел надминување на актуелниот кадровски предизвик во установата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk