logo
logo
logo

ПР ОД СРБИЈА ВО МАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА? Обвинувања дека СДС користи странски ПР центар во Скопје

Vecer | 21.03.2026

ПР ОД СРБИЈА ВО МАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА? Обвинувања дека СДС користи странски ПР центар во Скопје

СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Шчекиќ, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС“, потенцираат во соопштението.

Милан Шчекиќ е лице задолжено за креирање на комуникациите, човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Заев е понуден да работи за СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ПР активностите се координирани и водени од Скопје, екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милан Шчекиќ, се сместени во скопскиот хотел Парк и од таму го водат центарот за лаги на СДС.

Токму затоа СДС е толку многу опседната со СНС и Србија. Вклученоста на странски ПР структури и лица, меѓу кои и Милан Шчекиќ, отвораат сериозна дилема за транспарентноста и автентичноста на пораките што СДС ги пласира во јавноста.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи, навреди и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти, аргументи и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор и странски институции спротивно на интересите на државата“ потенцираат во соопштението од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на транспарентност, отчетност и комуникација заснована на вистината и интересот на граѓаните, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk