logo
logo
logo

Од заборав до сјај: „ЛОТОСОВ ЦВЕТ“ Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ ФОТОГРАФИИ

Vecer | 08.04.2026

Од заборав до сјај: „ЛОТОСОВ ЦВЕТ“ Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ ФОТОГРАФИИ

Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакнува дека по години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.

– Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост. Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени. Од денес, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и живот, објави Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk