Владата ретерира откако СДСМ побара законот за двојно државјанство да важи за сите избрани и именувани функционери, рече на прес-конференција Андреј Жерновски, кој неодамна потврди дека неговиот дедо бил бугарски кмет во време на окупацијата на Македонија.
Жерновски е член на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, наведува Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во соопштение;
Имаме многу важна тема којашто мора да продолжиме да ја дискутираме во јавноста, затоа што ова прашање допрва се отвора и е прашање коешто го открива и го прикажува вистинскиот карактер на денешната влада.
Во оваа влада на Христијан Мицкоски има повеќе бугарски пасоши отколку што можевме да замислиме досега.
Значи, можеме веднаш на самиот почеток да заклучиме дека се работи за влада на лажни патриоти со бугарски пасоши. И тоа се претставници на Влада којашто наводно треба да го чува македонскиот национален идентитет токму од Бугарите, а имаме Влада и цела екипа којашто е преполна со бугарски државјани.
Сите тие сега без проблем би можеле да се кандидираат на наредните парламентарни избори во Бугарија. Можеа и на овие избори да се кандидираат, затоа што поседуваат бугарски државјанства.
Но, она на што мора да одговорат пред македонските граѓани е следното: чии интереси тие ги застапуваат? Македонски интереси или бугарски интереси?
И така, една по една, сите предизборни лаги на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на површина...
Тоа е СДСМ денес, собрано друштво без идеологија и без идентитетот кој СДСМ некогаш го имаше од партизанското движење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата