logo
logo
logo

Уапсени три лица и одземена марихуана по претреси во Кочани и Штип

Vecer | 06.08.2025

Уапсени три лица и одземена марихуана по претреси во Кочани и Штип

Во текот на вчерашниот ден, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х. (43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршија претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип. При претресот е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk