СДСМ нека предложи измени во законот да не може лидер на партија и пратеник и премиер да биде лице со златни визи од други држави, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС се затечени од вистината за нивниот лидер, со панични прес-конференции и небулозни тврдења сакаат да избегнат од фактот дека нивниот лидер има втора матична држава. Зошто извадил таква виза и врз кој критериум му дале? Се потат лицата кои за плата држат пресови кај СДС, но тоа не ги амнестира од морална одговорност и нив. Најголем експерт за откривање лажливци и корумпирани политичари е самиот народ. И тука Вардар не го пере Венко. Со цел да докаже поинаку, нека предложи СДС во законот измени да не може да е лидер на партија и пратеник и премиер, лице со златни визи од други држави“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со темите за ангажирање приватна компанија за следење „Black cube“ од ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваат на СДСМ да престанат да одат во фабриките за марихуана во Струмица, зашто, како што велат, тотално ги вадат од колосек.
„Black cube е плод на наркоманското подземје во центарот за комуникации на СДС, раководено од син на поранешен функционер на СДС и нивен идеолошки гуру кој е способен за пар евра да создаде идеологија од обичен грабеж и предавство на својата земја. Венко Филипче има рејтинг кој е статистичка грешка. Човекот е до гуша во криминали, што не се потребни никакви експерти да се види од месечината дека е криминоген. А и толку е небитен, што извори за неговата корупција се луѓето од неговиот најтесен круг“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата