logo
logo
logo

Кажано на време, да не биде после леле мајко: НЕМА СКУТЕРИ НА ОХРИДСКО И ДОЈРАНСКО ДО 1. СЕПТЕМВРИ

Vecer | 02.06.2026

Кажано на време, да не биде после леле мајко: НЕМА СКУТЕРИ НА ОХРИДСКО И ДОЈРАНСКО ДО 1. СЕПТЕМВРИ

Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31 август. Забраната ќе важи од 11 до 19 часот, заради поголема безбедност на капачите, велат од Министерството.

Со новата одлука на Министерството се забранува и пловидба на чамци навечер. Односно, од 3 јуни до 31 август забраната ќе биде од 21 до 5 часот, од 1 септември од 20 до 6 часот и од 1-31 октомври од 19 до 6 часот.

„Оваа Одлука се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата. Исто така, информираме дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи“, велат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk