logo
logo
logo

КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ: Д-р Александар Трајановски ќе биде новиот потпретседател на СДСМ

Vecer | 13.11.2025

КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ: Д-р Александар Трајановски ќе биде новиот потпретседател на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го номинира д-р Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

Вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на СДСМ, на кој Филипче најави дека ќе соопшти дел од неговите планови за кадровски и политички промени во партијата.

Филипче побара трпение од членовите и од симпатизрите, зашто, како што рече, овој процес се води внимателно.

– Исклучително посветен човек на партијата, човек кој имаше одлична кампања, привлече многу внимание и мислам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на партијата – рече Филипче за д-р Трајановски.

Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Д-р Трајановски е член на Извршниот одбор на СДСМ.

Оваа промена доаѓа по оставката на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, која беше поднесена во очи на вториот круг од локалните избори.

Филипче денеска на прес конференција негираше дека понудил место на некој бивш градоначалник и дека бил одбиен. Тој ги оцени како кафански муабети шпекулациите кои деновиве кружат во јавноста.

– Нема никакво раслојување, навистина има единство – одговори Филипче на прашањето дали има поделби во СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk