-Денеска остварив средба со Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, и амбасадорката на Кралството Данска, Перниле Деилер Кардел.
Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за поддршката од Данска на нашиот пат кон ЕУ, како и за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе области.
Ги истакнавме нашите заложби за реформи и европска интеграција. Ваквите партнерства се силна поткрепа за нашата цел, за стабилна, демократска и европска Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата