logo
logo
logo

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ - највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Vecer | 12.06.2026

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ - највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на министерскиот состанок со Европската комисија и земјите од Западен Балкан.

На онлајн состанокот се дефинираа клучните елементи за преговорите и подготвеноста на регионот за целосно укинување на сметките за роаминг при патување во земјите на ЕУ.

Андоновски потенцираше дека оваа иницијатива е од највисок стратегиски и практичен приоритет за Владата, бидејќи носи директна корист за буџетот на граѓаните и компаниите.

„'Роаминг како дома' не е само усогласување на закони, туку конкретна и видлива придобивка за нашите граѓани, студенти и бизниси. Целта ни е јасна: да ги скршиме дигиталните бариери, да ја доближиме Македонија до единствениот пазар на ЕУ и граѓаните практично да го почувствуваат бенефитот од евроинтеграцијата“, порача министерот Андоновски.

Покрај стратешкиот чекор кон ЕУ, интеграцијата во овој систем ќе донесе драстично пониски трошоци за комуникација, олеснета економска размена и поедноставно патување во европските земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk