logo
logo
logo

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ОДБИ ПРАВДА ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА „27 АПРИЛ“

Vecer | 21.04.2026

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ОДБИ ПРАВДА ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА „27 АПРИЛ“

Со враќањето на Заев во Македонија, се врати ли и неговото „распупено“ судство?!

Прво од уставобранителиетe направиja „терористи“, за да сега ги напреават и школси пример за политизација на судските органи. Во најновиот скандал во македонското судство октроираниот Апелационен суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април кои бараа повторување на постапката.

Постапка која наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува као школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.

Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се наведува во бизарната одлука на Апелациониот суд.

Со ваквата правно незидржана одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката.

Судот демек „правилно“ оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон… Замислете само – „Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен“, се наведува во спорнава одлука.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Во меѓувреме, додека цела Македонија знае дека се невини, дел од неправедно затворените и починаа. Умреа како мажи. Се знае и на чија душа оди оваа нечовештина. Арам, вели македонскиот народ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk