logo
logo
logo

СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО 3 ОПШТИНИ, вели дека води во 9

Vecer | 19.10.2025

СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО 3 ОПШТИНИ, вели дека води во 9

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција вечерва им честиташе на сите градоначалници кои победија во првиот круг од локалните избори, истакнувајќи дека изборниот процес бил добро организиран и мирен, иако со одредени забелешки.

– Според обработените податоци, СДСМ во првиот круг обезбеди победа во три општини – Крива Паланка, Богданци и Кривогаштани. Дополнително, од приближно 70% обработени гласови водиме во уште девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман, каде ќе има втор круг – изјави Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ се на второ место во неколку општини, меѓу кои Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија и Зрновци, и дека се очекуваат дополнителни резултати од други места.

– Апелирам до граѓаните да излезат масовно во вториот круг на гласање, затоа што е важно избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на гласачи – рече Филипче.

Тој додаде дека иако резултатот не е оној кој го посакувале, бидејќи партијата сѐ уште се консолидира, но дека нивната порака е примена од повеќе граѓани, односно дека имале зголемен број на гласови во одредени општини. Уште повеќе тој рече дека имајќи ги во предвид околностите, не е лош резултатот што СДСМ го има на изборите, споменувајќи дека има неколку општини во кои не е јасен исходот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk