Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило.
Ова е појаснувањето што Плусинфо го доби од извор во МВР, по дилемите што се појавија на социјалните мрежи дали возилата управувани без возачка дозвола се одземаат привремено или трајно.
– За трајно конфискување одземено возило е неопходна правосилна судска пресуда – објаснува нашиот извор од МВР.
Под управување без возачка дозвола се смета возачот никогаш да не положил возачки испит, дозволата да му е трајно одземена, или да управува со возилото во период кога му е изречена мерка привремена забрана за управување со моторно возило.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата