logo
logo
logo

Муцунски со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп

Македонија доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ

Vecer | 23.04.2025

Македонија доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп, прва по неговото преземање на оваа функција.

На средбата била нагласена важноста на континуираната соработка и бил истакнат ангажманот на Канцеларијата на Високиот комесар.

– Заеднички констатиравме дека нашата држава доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ. Воедно, се осврнавме и на досегашната успешна соработка со Канцеларијата, која обезбедува совети и експертиза за неколку важни проекти, при што изразивме подготвеност за нејзино натамошно унапредување, со цел остварување на заедничката заложба – градење соживот, унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција, како и поттикнување на инклузивно и кохезивно општество, објави Муцунски на фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk