Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.
Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно.
Оваа активност е дел од заложбите на Град Скопје за градење безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и за зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против семејното насилство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата