logo
logo
logo

ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО: Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“

Vecer | 05.09.2025

ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО: Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“

Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.

Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо и да не чекаат пациентите.

– Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави Пешевска.

Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.

Притоа Судот ја раздвои кривичната постапка против Пешевска и постапката продолжува на 17 септември.

Претходно пред Судот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, рече дека не се чувствува за виновен.

-Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Во судница присутни се и останатите двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk