Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите од дожд на некои места ќе достигнат и до 30 литри на квадратен метар, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од минус еден до седум Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од три до 12 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде облачно со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од пет степени наутро до девет во текот на денот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата