logo
logo
logo

КРЕШНИК БЕКТЕШИ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, Судот во Кочани допрва ќе одлучува за останатите осомничени

Vecer | 15.05.2025

КРЕШНИК БЕКТЕШИ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР, Судот во Кочани допрва ќе одлучува за останатите осомничени

Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши.

Судот уште не одлучувал по останатите предлози на Обвинителство за осомничените лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Портпаролот на Основниот суд Кочани вели дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот на ЈО за Бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичен совет и адвокатите да се произнесат по предлозите.

– По останатите предлози сè уште не е одлучено. До судот се доставени. Се постапува по истите, кога ќе има одлука јавноста ќе биде информирана – изјави за МИА портпаролот на  кочанскиот суд.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека до ОС Кочани освен предлогот за замена на изречената мерка притвор со куќен притвор за две лица, доставило предлог и за продолжување на претходно определените мерки притвор и куќен притвор за 18 осомнилени лица.

„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определените мерки притвор и куќен притвор. По предлозите на обвинителството ќе одлучува Судот“ соопшти ЈО.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk