logo
logo
logo

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ оди во владина процедура

Vecer | 21.04.2026

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ оди во владина процедура

Министерството за образование и наука (МОН) го финализираше предлог-текстот на новиот Закон за високо образование по денешната последна средба со коалицискиот партнер „Вреди“.

Министерката Весна Јаневска потврди дека дискусијата е затворена и дека законското решение веќе утре влегува во владина процедура. Клучниот момент на средбата беше усогласувањето околу шесте преостанати точки. Додека пет од нив беа претходно дискутирани и не се сметаа за спорни, фокусот беше ставен на шестата точка, „Хиршовиот индекс“. Овој индекс, кој ја мери научната продуктивност и цитираноста на истражувачите, првично беше предвиден како задолжителен филтер за академско напредување, но по консултациите доби нова улога во критериумите.

„Имавме шест точки кои ги дискутиравме и со сите шест се усогласивме и утре законот оди во владина процедура. Пет од точките и порано беа дискутирани, затоа што ова беше континуиран процес, и тие веќе воопшто не беа спорни. Последната точка за која дискутиравме беше Хиршовиот индекс, за кој, исто така, најдовме решение, тој да не биде основен елеменет како критериум за избор, туку да влезе во додатните елементи во критериум за избор. Во тој случај, кога двајца професори ќе имаат идентични бодови пресуден да биде Хиршовиот индекс. Тоа сега е прифатено“, појасни министерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk