logo
logo
logo

НАПРАВИ ЛИ ЗАЕВ ИНЖЕНЕРИНГ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО СО 300.000 ЕВРА ОД БИЗНИСМЕНОТ ДАКА?

Vecer | 03.04.2026

НАПРАВИ ЛИ ЗАЕВ ИНЖЕНЕРИНГ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО СО 300.000 ЕВРА ОД БИЗНИСМЕНОТ ДАКА?

Владата на СДСМ под водство на Зоран Заев била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, а ова беше познато и во 2020 година, кога излегоа аудиоснимките на кои Дака се слуша како разговара со Заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески-Кичеец и му вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Кичеец бил посредник на Заев, кој го рекетирал Дака за да им завршат одредена бизнис услуга. На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и како прорускиот бизнисмен кажува дека парите, 300.000 евра, кои му ги дал на Заев, тој ги искористил за да направи инженеринг на референдумот за името. Тоа што остана да лебди во воздухот е што ниту Заев, ниту СДСМ ги негираа овие снимки, што јасно потврдува дека тие биле точни и автентични“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истата снимка од разговорот на Дака со Кичеец, се слуша и името на поранешниот генерален секретар на владата на Заев, Драги Рашковски, се додава во соопштението.

„Ова значи дека целата тогашната власт на СДСМ била поврзана со овој проруски бизнисмен и затоа му ги знаат сите фирми и бизниси во кои е вклучен. А, можеби и токму затоа помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, за што македонската јавност ќе биде потсетена на денешната прес-конференција. Еве, деновите минуваат и освен што СДСМ на чело со Филипче ги брои фирмите и бизнисите на Дака, до денеска, ни од партијата ни од Заев нема никакво негирање или демантирање за овој случај. Тоа што на граѓаните им станува с èпојасно, е дека каде има криминал и корупција, таму се СДСM, Заев и Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk