logo
logo
logo

ГАШИ СО ПОДДРШКА за гласање на иселениците

Vecer | 06.07.2026

ГАШИ СО ПОДДРШКА за гласање на иселениците

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата објавена од премиерот Мицкоски за електронско гласање или гласање по пошта за иселениците, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик.

На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива.

Тој информираше дека на 13 јули е седницата за реконструкција на Владата, која треба да трае два дена. а новите членови на Владата ќе се гласаат поединечно.

На 15 јули е закажана нова седница на која се и опозициските прашања.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае до 8 јули, кога почнува разгледувањето на амандманите. Поднесени се 224 амандмани, а тој треба да се најде на седница на 23 јули.

На 30 јули е седницата за пратенички прашања, последна пред летниот одмор на пратениците.

На Илинден Гаши годинава ќе се обрати во Крушево

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk