logo
logo
logo

30 дена притвор за осомничените кои држеле МИГРАНТИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО

Vecer | 25.03.2025

30 дена притвор за осомничените кои држеле МИГРАНТИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО

Вечерва судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Притоа судијата го имаше предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на мерка притвор, особено фактот што против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која Кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост.

Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на Кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело.

Инаку, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и двајца синови, поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти и кривично дело Криумчарење на мигранти.

Тие се осомничени за држење во заложништво шест мигранти во Студеничани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk