На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, присутни се и Билал Касами како преставник на Вреди, Горан Минчев од ЗНАМ, Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица. Претседателот на СДСМ Венко Филипче не дојде на лидерската средба во Клубот на пратеници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата