Повелете, судија Владимир Панчевски за скандалот со извоз на мозоци од Македонија во САД
Во двата случаи, постои сомневање дека надлежните субјекти (институции или физички лица) не постапиле навремено или со должна грижа, што би можело да се квалификува како кривично дело од несовесност или пропуштање на службена должност
Кога некој Етички совет можел да одлучува за безживотните тела за кои граѓаните наводно дале некаква “информирана согласност” за користење на нивните мозоци за некакви т.н “научни цели” тогаш ист таков Етички совет треба сега да одлучува и за понатамошната егзистенција на титулите на одредени посредници и учесници и таквите дипломи и докторати заради “етичка правда” трајно да им ги одземе додека се живи таквите монструозни мозоци!
Неговиот статус и го пренесуваме во целост:
- Кривичниот законик како целина е жива материја која се протега и во минатото и во сегашноста и во иднината.
Според член 30 од Законикот, делото се смета за сторено во моментот кога сторителот работел или бил должен да работи, без оглед на тоа кога настапила последицата од делото.
И токму овде е првиот камен на сопнување и неказнивост, се поставува прашање што доколку последицата настапи многу подоцна од општите и посебни рокови за застареност на конкретното кривично дело?
Дали тоа одложено дејство на последицата од кривичното дело можело да биде опфатено со умислата на сторителот или би останало во сферата на евентуална умисла – сторителот се согласил со последицата кога и да настапи, но што доколку рокот за апсолутна застареност на делото изминал одамна, а последицата како оваа берза на мозоци или хаварија се случува во сегашна временска димензија.
Ова прашање за последицата од кривичното дело воопшто не е засегнато за овие 30 години при што по застареноста најчесто истото се третира како надомест на штета во граѓанска парница (доколку не се пропуштат и тие рокови во лавиринтот на злоупотреба на правото) што целосно ја прави неефикасна одговорноста од аспект на прогонот, имајќи предвид дека последицата од кривичното дело директно влијае врз жртвата, нејзиниот живот, опкружување, материјална состојба и слично.
Не ретко последиците од застарените кривични дела се во директна корелација со државните ресурси и средства со што се оневозможува економскиот напредок на државата, но и правната сигурност како достоинството на граѓанинот и сопственоста како Уставно загарантирани и заштитени права.
Граѓаните своите права најчесто ги остваруваат после долги судски постапки за надомест на штета или воопшто не ги остваруваат, на што се должи и ниската доверба на граѓаните во правосудството воопшто.
Од целото досегашно искуство кога секојдневно се соочуваме со “демони од минатото” треба сериозно преиспитување на одредбите на Кривичниот законик и по однос на ова прашање за последицата особено ако се земат предвид катастрофите, како пожарот во Кочани и паѓањето на натстрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад, овие два случаи на прв поглед се различни по природа, ги поврзува заедничкиот правен елемент: сериозна последица по животот и имотот како резултат на можна претходна човечка умисла, небрежност или ненавремено дејствување.
Во двата случаи, постои сомневање дека надлежните субјекти (институции или физички лица) не постапиле навремено или со должна грижа, што би можело да се квалификува како кривично дело од несовесност или пропуштање на службена должност, па државата се впушта во “лов на вештерки” и ги гони последните во ланецот кои може да ги дофати, за да има привид на задоволување на правдата.
Иако последицата е сериозна – загрозување на безбедноста или човечки жртви – доколку постои временска дистанца од повеќе години и застареност на кривичното гонење за таквите дејствија.
Кога некој Етички совет можел да одлучува за безживотните тела за кои граѓаните наводно дале некаква “информирана согласност” за користење на нивните мозоци за некакви т.н “научни цели” тогаш ист таков Етички совет треба сега да одлучува и за понатамошната егзистенција на титулите на одредени посредници и учесници и таквите дипломи и докторати заради “етичка правда” трајно да им ги одземе додека се живи таквите монструозни мозоци!
Нормално доколку се докаже дека некој тоа го направил неетично и без “конкретна согласност”, а не онаква “информирана согласност” како што тоа вообичаено го прави лекарската фела кога на пример за една анестезија при операција при потпишување на вашата согласност информативно ве известува дека може да добиете трајна или целосна парализа.
Или како случајот на Веаповска кога при операцијата и отстранија еден куп органи по “проценка или знаење” на хирургот трајно и монструозно ја оштетија, па етички комисии не убедуваа дека тоа требало така, се додека не притисна јавноста.
Во таков систем на надмудрување и лавиринт на животот ги живееме нашите животи. Мртвите мозоци за жал не зборуваат да си ја кажат судбината! пишува Владимир Панчевски на ФБ
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата