Агенцијата за вработување денес објави три огласи за самовработување на невработени, а неповратните пари што се доделуваат се од 7.000 евра до 20.000 евра.
За 430.500 денари, или за 7.000 евра може да аплицираат невработните над 29 години. Во огласот е наведено дека се повикуваат:
• Невработени лица со попреченост
• Корисници на гарантирана минимална помош над 29 години
• Невработени лица над 29 години -мажи до 60 години и жени до 58 години
• Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство над 29 години
• Невработени лица над 29 години кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години
• Невработени лица Роми над 29 години – мажи до 60 години и жени до 58 години
• Невработени лица повратници над 29 години – мажи до 60 години и жени до 58 години
кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата.
Можна е и финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со попреченост.
Вториот јавен повик е за невработени до 29 години. Финансиската неповратна помош е 615.000 денари, односно 10.000 евра. Во овој случај, Агенцијата ги повикува да аплицраат граѓаните од следниве категории:
– Корисници на гарантирана минимална помош до 29 години
• Невработени млади лица до 29 години
• Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство до 29 години
• Невработени млади лица до 29 години кои сакаат да го формализираат својот бизнис
• Невработени лица Роми до 29 години
• Невработени лица повратници до 29 години.
Третиот оглас е за здружување на корисницте во ДОО. Во овој случај,за аплицирање се повикуваат:
• Невработени млади лица до 29 години минимум завршено средно образование
• Невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години
• Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
• Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис – мажи до 60 години и жени до 58 години
• Невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години
• Невработени лица повратници до 29 години
• Невработени лица повратници над 29 години – мажи до 60 години и жени до 58 годин.
Во огласот е наведено дека ќе се доделуваатнеповратни средства (грант) во износ до 1.230.000,00 денари (20.000 евра) во зависност од целните групи а за правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.
Восите огласи е наведено дека oбуката за претприемништво и развивање на бизнис вештини е задолжителна, како и дека за одделни целни групи има менторска поддршка во рок од 6 месеци.
Огласите се активни до 3-ти јули.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата