Билал Касами лидерот на Беса, рече дека не застанале пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ да станат дел од Владата, бидејќи, како што рече, со ВМРО-ДПМНЕ имале прелиминарен договор се додека ВЛЕН е легитимен претставник на Албанците, треба да се разговара со нив.
Касами рече дека Христијан Мицкоски сака во Владата да бидат претставници од сите заедници.
„Владата која утврди дека мандатарот, односно господинот Мицкоски ги претставува граѓаните на оваа држава и сака во владата да ги вклучи претставници на сите народи кои денес живеат во Македонија, да ја почитува различноста, да ја почитува мулти -етничката припадност на оваа држава и да покажеме дека оваа власт ќе биде во служба на граѓаните без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност“, рече Касами во Дејли клик
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата